Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ истакна дека владата на СДСМ, како и министерот за земјоделие Љупчо Николовски не работат за решавање на суштинските проблеми на граѓаните, туку напротив работат за лично богатење, партизација на институциите, како и спроведување на политички реваншизам врз неистомисленицитe.
-Јас очекував дека Љупчо Николовски ќе се труди, но Љупчо покажа дека тие навистина не разбираат ни како треба да се раководи земјоделието, ни разбира како треба да се менаџира со главните проблеми на граѓаните кои се занимаваат со оваа круцијална дејност за опстанокот на државата, а на сметка на тоа видовме дека интересот е насочен кон лично богатење кон истурање на лични фрустации, кон огромен реваншизам, зациментирање на партизацијата и со тоа го угушија народот, вели Василевска.