„Она што е многу значајно е токму изборот на уставни судии. Не постои во светот пример каде што претседател на Уставен суд го собира државниот врв. Со тој акт вчера Кацарска покажа јавно како што вели Достоевски злосторникот се враќа на место на злосторството, таа покажа од каде е дојдена нејзината кандидатура и што е нејзината улога во целиот процес и пред да стане уставен судија и откога стана, и сега како претседател на Уставен суд“, истакна Иванка Василевска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телевизија 24.
Василевска додаде дека со вчерашниот чин што го направи Кацарска со свикување на државниот врв е недозволиво.
„Со самиот чин Кацарска го прекрши Уставот, каде што имаме поделба на законодавна, извршна и судска власт. Точно е дека американската амбасадорка ни кажа во очи на сите дека доверба од 8% во правосуден систем е многу лош сигнал за Македонија, внатрешно. А, јас за тоа многу пати сум говорела, тоа се условите кои што всушност нас не градираат дали сме ние спремни да пристапиме кон ЕУ, а не спорови на билатерален план кои што можат да бидат само маска или да бидат еден период употребени за одредени цели но не се суштински“, појасни Василевска.
Василевска посочи дека вчера се виде како Кацарска ги диктираше вчера своите услови, а кој стои позади завесата.
„Кацарска нема никаков кредибилитет и за нас како опозиција ќе биде стигматизирана и ќе биде секогаш кажувано нејзиното место кое што не е толку угледно место. На местото на Кацарска треба да биде човек кој има добри дела и висок углед“, рече Василевска.
Василевска укажа дека не се избраа уставни судии бидејќи нарачките кои доаѓаа од Бихакќа се многу под ниво.