недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Уставните измени се бугарски диктат бидејќи се потпрени на неколку аспекти кои што се антимакедонски и антидржавни

Василевска: Уставните измени се бугарски диктат бидејќи се потпрени на неколку аспекти кои што се антимакедонски и антидржавни

Малкумина периодот ја консултираа катедрата по државно правна историја, а тоа е правно историски науки на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје. И тоа е најстарата катедра на Правниот факултет и генерално на Универзитетот. И токму тие прашања и ние научно ги работиме, а јас еве судбински имам можност да учествувам и да бидам дел и да бидам сведок на еден процес кој што се случува денеска. И морам да ви кажам тоа е бугарски диктат, де факто диктат бидејќи е потпрено на неколку аспекти кои што се антимакедонски, антидржавни, истакна Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на ТВ21 говорејќи за уставните измени.

Василевска додаде дека уставните измени ја проблематизираат македонската историографија која што е градена па веќе повеќе од 80 години официјално како државен конструкт ако се земе од АСНОМ.

Пратеничката потсети и на 14-те пресуди од Стразбур кои што Бугарија воопшто не ги почитува.

„Значи 14 пресуди официјални кои што не ги донеле македонски судии, гледаме каков тип на судство има Македонија. Тие 14 пресуди се темелат на аспектите кои што се релевантни на тие тужби кои што ги покренале Македонците од Бугарија пред Судот во Стразбур и резултатот е тој. И тоа се поништува се за сметка на онаа Декларација која што ќе ве потсетам Каракачанов и Борисов ја донесоа значи ја предложија и ја усвоија, а е изградена во овој Протокол кој што Бујар Османи вонинституционално и вон согласност на Собранието ја прифати“, рече таа.

Таа посочи дека по ова прашање не само Македонците туку сите граѓани треба да имаат цврст и недвосмислен став. Ова прашање со уставните измени не е евроинтегративно прашање, ова е наметнато прашање кое што беше подметнато од бугарска страна.

Во текот на емисијата Василевска нагласи дека уставни измени нема да има, нема да има под овие околности и под бугарски диктат.

Најнови вести