Вакви прашања за историјата, за фактите не можат да се премолчат. Не може кога има вакви ставови од премиер. Секоја приказна има свој почеток и крај, ќе заврши и оваа на Заев. Мора да гледаме неколку димензии на ова прашање. Не случајно се прави ваков сканадл како за претходните избори кога се делеше поткуп и никој не коментира и тоа не е случајно. Заев ќе даде се и тоа требаше да им биде јасно и на неговите поддржувачи и тие сега не може да се свестат на кое ниво дојде левицата, рече Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисјата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа коментирајќи ги ставовите на премирот Зоран Заев во интервјуто дадено за БГНЕС.
Таа укажа дека Бугарите и плаќаа репарации и на Југославија и на Македонија.
-На пример има 1947 година се регулираат односите меѓу победниците и окупаторот. Парискиот договор од 1947 ја третира Бугарија како сојузник на Хитлер и таа мораше да плати 45 милиони американски долари како репарација за окупацијата тој долг е отплатен во 1964 година, рече Василевска.