четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Заев манијакално уништува се македонско како да станува збор на пример за неговиот заден двор

Василевска: Заев манијакално уништува се македонско како да станува збор на пример за неговиот заден двор

Доаѓам со генериран гнев кон оваа персона која продава се што може и се што човек не може да помисли дека може да се продаде. Истиот тој поранешен градоначалник на Струмица, овој струмичанец одлучи да биде на темната страна на историјата. Тој така садистички, социптатски, манијакално уништува се со една таква сервилност, приглупа насмевка како да станува збор за неговиот заден двор. И една од главните работи кои ми пречи и поради кои сум дел е борбата против негативната селекција која може да ја видиме во ликот и делото на Зоран Заев, рече Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањет во емисјата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Според неа премиерот Заев може да спроведува само програма која ја понудил на избори, а не да задира во вакви идентитетски теми.

-Тој нема овластување за ова. Тој може да спроведе програма која ја претставил пред граѓаните. Може да оди и чекор повеќе како подобрување на здравствен систем, повеќе инвестиции, подигнување на економска благосостојба. Но не со прашања кои задираат во идентитет, во историски факти. Денес и дете од петто одделение знае што биле Бугарите, рече Василевска.

Најнови вести