недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Важен апел од ФЗОМ за осигурениците: Овие совети треба да ги следите за време на епидемија од коронавирус

Важен апел од ФЗОМ за осигурениците: Овие совети треба да ги следите за време на епидемија од коронавирус

Во согласност со донесените вонредни рестриктивни мерки од страна на Владата на Република Македонија со цел спречување на ширење и сузбивање на зараза од коронавирусот, по добиените сознанија од ФЗОМ испраќаат апел до сите осигуреници и здравствени работници.

Апелот на ФЗОМ го пренесуваме во продолжение:

  • Да се применува примарно телефонска и електронска комуникација помеѓу осигурениците и здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба.
  • Осигурениците да ги почитуваат стручните препораки кои ги добиваат од матичните лекари според здравствените потреби за зачувување на здравјето и за правилно лекување.
  • Да не се бара упатување и да не се посетуваат специјалистите заради продолжување на хроничната терапија, бидејќи сите специјалистички извештаи, конзилијарни мислења и отпусни писма издадени во 2019 година ќе важат до завршување на важење времените мерки.
  • Осигурениците да не инсистираат и да не бараат матичните лекари да им пропишуваат лекови на рецепт без медицински индикации (по нивна желба и кои не им се потребни).
  • Осигурениците да ги почитуваат стручните фармацевтски препораки кои ги добиваат во аптеките за начинот на правилна употреба на лековите и другите фармацевтски или медицински производи кои ги користат.
  • Осигурениците да не купуваат лекови непотребно, односно да не прават непотребни залихи на лекови во нивните домови.
  • Да не се посетуваат масовно аптеките и матичните лекари особено не во првите денови од месецот бидејќи лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.
  • Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РМ.

Само со заеднички напори може да се обезбеди поквалитетна здравствена заштита за сите-порачуваат од ФЗОМ.

 

Најнови вести