четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Важна информација за сите галични кои сакаат да учествуваат како статисти во Галичка свадба

Важна информација за сите галични кои сакаат да учествуваат како статисти во Галичка свадба

Јубилејното 60-то издание на Галичака свадба ќе се одржи овој викенд. Невеста ќе биде Елисавета Булоска од Охрид, а младоженец Оливер Андреевски кој по потекло е од Галичник

Месната заедница Галичник ги известува сите галичани кои сакаат да учествуваат како статисти во Галичката свадба, потребно е да бидат облечени во галичка носија во сабота на 15.07.2023 година во период од 17.30 часот до 19.00 часот.

Тие треба да се пријават кај Евгенија Плачкоска во црквата Св. Петар и Павле.

-На учесниците ќе им биде даден авторски договор за исплата на хонорари што ќе го потпишат во таа прилика. За поедноставување на постапката, ве охрабруваме вашите лични податоци (име, презиме и матичен број) и податоци за плаќање (број на трансакциска сметка и банка), да ги испратите однапред по мејл на [email protected]. Хонорарот изнесува 2.500 денари за возрасни и 1.500 денари за деца. Податоците за малолетните лица ги доставуваат родителите и треба да бидат дополнети со матичен број и трансакциска сметка на која ќе се изврши исплатата. Укажуваме дека статистите задолжително треба да носат ЧЕВЛИ (никако патики). Напоменуваме дека исплата ќе се направи само за целосно исполнета обврска, односно учество во манифестацијата во сабота и недела (15ти и 16ти) јули. Евиденција за учество ќе се води со пријавата во сабота, и со пријава за присуството во 8.30 часот во недела на истата локација (црквата), а присуство ќе се потврди со своерачен потпис на список за евиденција, објавија од МЗ Галичник.

Најнови вести