петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска во Гевгелија

„Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска во Гевгелија

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општината Гевгелија.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски, најавено е дека ќе оствари средба со бизнис секторот, по што ќе бидат дадени изјави.

Посетата на Гевгелија ќе продолжи со увид на ново изграденото прифатилиште за бездомни животни.

-Понатаму, претседателот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на нов водоснабдителен систем во населеното место Богородица. Мицкоски ќе го посети патниот правец Гевгелија-Ново Конско, проект кој што ќе го реализира новата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, претседателот Мицкоски ќе оствари средба со пензионерите. Ќе изврши увид во градежни активности на асфалтирање и бетонирање во населено место Миравци. Во 18:00 ќе се обрати пред присутните граѓани во населено место Миравци, во Гевгелија, информираат од партијата.

Најнови вести