сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Важно е Западен Балкан да стане дел од ЕУ, смета Австрија

Важно е Западен Балкан да стане дел од ЕУ, смета Австрија

Министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг денеска во Белград изјави дека е важно Западен Балкан да стане дел од ЕУ, за да се спречи дестабилизација на регионот.

На заедничката конференција по разговорот со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, Шаленберг рече дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан е суштинска и геостратешка за ЕУ.

Шаленберг додаде дека предлогот на Австрија е ЕУ да започне „чекор по чекор“ да ги третира земјите од Западен Балкан како земји-членки.

Тој рече дека предлогот нема врска со рускиот напад врз Украина, туку со потребата влезот во ЕУ веќе да даде конкретни резултати.

Според него, нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е важна и верува дека ЕУ останала клучна рамка и двигател на овој план.

-Дијалогот е, на некој начин, иглени уши низ кои се набљудува регионот – рекол Шаленберг.

Најнови вести