петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вчерашниот ден за Спасовски беше историски, но неговите соседи не го поддржаа

Вчерашниот ден за Спасовски беше историски, но неговите соседи не го поддржаа

Ова е историски ден за нашата држава и секој граѓанин треба да биде среќен што ќе можеме да станеме дел од НАТО и Европската унија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по вчерашното гласање на гласачкото место во Куманово.

Министерот Спасовски вчера гласаше на избирачкото место 1058/1, каде на за него историскиот ден, излезноста беше катастрофална, под просекот на ниво на национално ниво. Само 32,55 проценти од соседите на министерот за внатрешни работи излегоа на гласање.

Од 556 запишани гласачи на тоа избирачко место, на гласање излегле само 179 гласачи. Од нив 156 лица гласале „ЗА“, додека пак 16 гласа се „ПРОТИВ“.

-Очекувам да имаме мирен ден, да имаме демократска, цивилизирана атмосфера во која граѓаните самостојно ќе ја носат одлуката. Секој граѓанин ќе го каже својот став за Македонија и за иднината на нашите деца, рече Спасовски веднаш откако излезе од гласање.

 

Најнови вести