сабота, 4. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Ве молам помогнете ни, киднапирани сме“: Сириец побарал помош во Македонија, вооружени Пакистанци шверцувале мигранти

„Ве молам помогнете ни, киднапирани сме“: Сириец побарал помош во Македонија, вооружени Пакистанци шверцувале мигранти

Откако ја прифатил „пријателската“ помош од седуммина Пакистанци да го пренесат заедно со поголема група мигранти од јужната до северната граница на нашата земја, млад Сириец сфатил дека му е загрозен животот. Овој настан се случил на 27 минатиот месец, откако Сириецот побарал од водачите да му биде пружена лекарска помош на неговиот пријател кој бил болен и не можел да го продолжи патувањето. Но тој добил закани по живот од седумтемина Пакистанци. Според неговиот исказ, тие биле вооружени и под присила ја воделе групата од 70 лица за побрзо да ја минат територијата на Македонија, објави ПлусИнфо.

Барајќи помош за својот пријател, мигрантот го завртел бројот 112 и скришум разговарал со вработените во кол-центарот на ЦУК.

Сето ова за ПлусИнфо го потврдија од Центарот за управување со кризи, при што открија што точно се случувало тој ден.

-Некаде околу 17 часот на 27 октомври добивме повик од лице од Сирија кое ни раскажа накратко што точно се случува и за што бара помош. Се обидовме да го лоцираме, но бидејќи користеше телефон со странски број не можевме да го сториме тоа. Лицето ни кажа дека стравува да не биде фатено од вооружените Пакистанци. Тој ја користеше апликацијата „Ватсап“, ни кажуваше дека се движат, дека гледа река и слично, вели нашиот извор од ЦУК.

Што се случило понатаму прочитајте на ПлусИнфо

Најнови вести