На 3-ти март 2016-та година тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ постави камен темелник за изградба на нов клинички центар во Штип кој требаше да биде завршен до крајот на 2019 година. На површина од 34.000 квадратни метри требаше да работи овој клинички центар и да задоволи потреби на над 200.000 луѓе од тој регион на Македонија.
Таа инвестиција, заедно со автопатот Скопје-Штип, со над 100 милиони вкупна заедничка вредност е најголем инвестициски проект во Источна Македонија од Втората светска војна до денес. Самиот клинички центар е проектиран на вкупна вредност на градбата од 30 милиони евра, со финансиска поддршка од европски кредити, а работата за изградба, по избор на европската комисија за овој проект, е доверена на грчката компанија Интракат, потсетува ВЕЧЕР.
Дополнително, за опремување на клиничкиот центар според проектот биле предвидени 16 милиони евра. Под овие услови изведувачот на работите Интракат прифатил да го изгради новиот Клинички центар според тие услови, и во договорено време.
Но, еве на почетокот на 2020 година Клиничкиот центар Штип – го нема.
-На почетокот на февруари ланската, 2019 година, министерот за здравство Венко Филипче изјави: Добивме информација од грчката градежна фирма Интракат, со која ова министерство има потпишано договор, дека го раскинале договоот со досегашниот подизведувач (Бетон Штип) и бараат продолжување на рокот за градба. Рокот го продолживме, и сега крајниот рок треба да биде почетокот на 2020-та година… Зошто Интракат го раскинал договорот со Бетон Штип? Зошто Министерството за здравство, без да бара финансиска надомест за доцнењето од Интракат дозволило продолжување на рокот за дури една година? Зошто Венко Филипче не постапил како што законот го обврзува – ако изведувачот Интракат не ја исполнил обврската да му се активира банкарската гаранија? Како што е наведено, подизведувач на градежните работи била фирмата Бетон Штип. Против сопствениците на Бетон Штип, на 9 ноември 2018 година, СЈО отвори истрага под име Империја по што веднаш беше уапсен Орце Камчев со други лица од таа истрага, пишува ВЕЧЕР.
Непосредно пред да се отвори истрагата за Империја, во мај 2018 година, констатирано е дека грчката фирма Интракат должи на подизведувачот Бетон Штип околу 2 милиони евра. Тие пари Интракат ги примил од државата за градба на Клинички центар но, одбива дел од нив да плати на Бетон Штип што им е обврска кон подизведувачот кој, заради големиот долг, не е во можност да ги плаќа понатаму своите работници, материјали за работа, како ни фирмите кои работат за нив на тој објект. Ова е причина за подоцнежното раскинување на соработката помеѓу Интракат и Бетон Штип.
Веднаш по притварањето на Орце Камчев директорот на Интракат, Димитриос Кутрас, врши притисок Бетон Штип да биде продаден на Интракат за износ од 1,2 милиони евра. Значи, да ја купат фирмата на која и должат 2 милиони за само 1,2 милиони евра што е одбиено, пишува ВЕЧЕР.
Вечер заклучува: После се, дополнето и со ова, остануваме на тврдењето дека случајот Рекет не е затворен, дека сега му се суди на Боки 13 како избрна жртва за потреби на јавноста, а дека за Рекет ќе има нови истраги и нови судења.