среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ВЕЧЕР“: Губитници, муватори и профитери ја сардисаа Македонија!

„ВЕЧЕР“: Губитници, муватори и профитери ја сардисаа Македонија!

Ќерката-фирма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија со струја е назначен надворешниот советник на премиерот Александар Обрадовиќ. Обрадовиќ е поранешениот директор на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, а во Македонија ја вршеше функцијата надворешен соработник за економски прашања на премиерот во првиот мандат, анализира ВЕЧЕР.

Неговото име се споменуваше како прв избор за директорското место во ЕЛЕМ, но под притисок на јавноста, Обрадовиќ не ја доби таа функција во 2017 година.

Никому не е ејано со кои аргументи се оправдува поставувањето на контраверзна и скандалозна личност во струката и јавноста планира за директор на ЕЛЕМ трејд, човекот кој бил сменет од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради неодговорно работење, обвини ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.

Според српските медиуми дотичниот Обрадовиќ не е познат по своето работење во Електропривреда Србије каде не постигнал никкави резултати, туку по злоупотребата на функцијата за луксузен живот и многу потрошени пари за скапи автомобили и естрадни српски старлети и ѕвезди, што е една од причините за негова смена и потсмев во јавноста на Србија.

ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено 4800 лица. Самото тоа бара раководтсво од редот на искусни професионлаци посветени на својата работа, а не ан старлети и скапи автомобили платени од фирмини или државни пари.

Естраден менаџер и директор на електросистем ги наплаќаат услугите

Поранешниот директорот ЕПС (српското електростопанство) Александар Обрадовиќ, кој беше сменет од таа функција поради низа скандали и сомневања за проневерени пари додека ја извршувал функцијата, со согласност од сите министри во првиот состав на владата на Заев, поради посебен придонес за државата добил државјанство на Република Македонија во 2017 година.

Заслуги на Обрадовиќ за државата Македонија никогаш немало, ниту сега ги има, освен што Александар Обрадовиќ, заедно со уште две лице, првиот во ликот на контраверзниот естрадниот менаџер Зоран Башановиќ но, и газдата на српски Курир, Александар Родиќ му помогна на Зоран Заев преку организација на пропаганда да дојде до премиерското место во време на протестите за смена на тогашната власт. Обрадовиќ и Башановиќ, сменети и компромитирани во Србија и од српската власт, се сметаат за главни советници на Заев да гради лоши и непоријателски однсои со српскиот претсдеател Вучиќ кого Заев, пос нивни совет, го именуваше Вучиќ како диктатор.

Услугата од Обрадовиќ и Башановиќ кон Зоран Заев е лична, а плаќањето е од државна сметка.

Иако нема ниту еден основ за македонско државјанство Александар Обрадовиќ до МВР поднел барање за државјанство по итна постапка, а барањето било оценето позитивно и проследено до владата на одобрување. МВР во образложението се повикува на членот 11, каде стои дека лице може да се стекне со статус државјанин на Македонија ако тоа претствавува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес, објави тогаш српски Информер. Обрадовиќ не е виден во ниту еден од наведените основи.

Целата анализа прочитајте ја на ВЕЧЕР

Најнови вести