четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вечерва пpивeдeни и мaлтpeтиpaни 30-деца од навивачката група „Комити“

Вечерва пpивeдeни и мaлтpeтиpaни 30-деца од навивачката група „Комити“

30-тина момчиња од навивачката група „Комити“ вечерва се приведени и однесени на распит во Полициската станица во Кисела Вода, дознава „Инфомакс“.

Според нашите информации, момчињата се приведени по наредба на Ријад Ајети, началник на секторот за насилен криминал. Истиот началник во моментов врши распит, а врз момчињата се врши и тортура, дознаваме од извори во истрагата.

Ријад Ајети инаку е роднина на сега загинатиот Џелал Ајети – Џељо. Инаку, токму Ајети е надлежен началник во истрагата за претепувањето на Љупчо Палевски-Палчо.

Според нашите информации, момчињата се жалеле дека тие не се виновници за вчерашниот настан во Ѓорче Петров кога се скандираа етнички-сензитивни пароли, туку дека полицијата треба да ги провери околните камери на кои се гледа дека две лица кои им пришле извадиле пиштоли кон момчињата.

За лицата кои се заканувале со пиштоли кон навивачите, засега нема истрага.

Најнови вести