Според Законот за средно образование, изречито се забрануваат одржување на партиски настани на кои ќе бидат истакнати партиски обележја во средни училишта.
Но тоа не му пречи на премиерот Ковачевски како и на локалните власти во Делчево предводени од Градоначалникот Горан Трајковски од редовите на СДСМ да вршат политичка агитација во објекти наменети за образование на децата.
И после ќе имало партизација и поделби по партиска линија во Делчево и државата?!? Епа ќе има кога наместо образование граѓаните добиваат партиски трибини на кои премиерот вели дека обезбедил храна, струја и греење за граѓаните…
ДНО-ДНА!
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во врска со овој настан на СДСМ во Делчево.
“Двојни аршини⁉️
Дали Спортската сала на СОУ “Методи Митевски-Брицо” во Делчево е затворена за спортски рекреативци и вљубеници во спортот а за партиска трибина на СДСМ не е?
-Особено за потенцирање е фактот што СДСМ како организаторот на истиот овој настан а и Премиерот ДЕЗЕРТЕР треба да знаат дека согласно член 7 од Закон за средно образование (МОН – консолидиран текст) се забранети неколку работи и тоа:
-Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување‼️
-Во средното училиште не се дозволува организирање на верско образование‼️
-Во средното училиште е забрането истакнување на партиски и верски обележја‼️
Од член 7 од Закон за средно образование (МОН – консолидиран текст) јасно се гледа дека од страна на организаторот СДСМ и Премиерот ДЕЗЕРТЕР наповидум е грубо кршење на законите на Република Македонија, доколку истиот овој настан се одржи во објект кој што е наменет за образование и спорт на учениците од Општина Делчево?
ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија неможе а да не реагира на ваквото непочитување и грубо кршење на законите на Република Македонија, што пак е одлика на СДСМ‼️“, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
Извор: Брегалнички.мк