Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.
Граѓаните подетални информации можат да добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на веб-страницата www.makedonijapat.com.mk.