Со повеќе чествувања денеска во Прилеп се одбележува 20 годишнината од загинувањето на 10-те прилепски резервисти кај месноста Карпалак.
Изутринава делегации од градот, на семејствата, на преживеани и од локалната самоуправа заминаа на месноста Карпалак да им оддадат почит на загинатите. Делегации ги посетијат вечните почивалишта на загинатите на градските и на гробиштата во населените места.
Од 10 часот во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила се одржува панихида за загинатите, а напладне, од 12 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.
На 8 август 2001 година во заседа поставена кај месноста Карпалак на автопатот Скопје–Тетово загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на Армијата. (МИА)