среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВЕЧНА ВИ СЛАВА: Пред 20 години загинаа армиските припадници кај Љуботенски Бачила

ВЕЧНА ВИ СЛАВА: Пред 20 години загинаа армиските припадници кај Љуботенски Бачила

Денеска беше положено цвеќе на неколку локации по повод 20 години од загинувањето на осум припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

Венци цвеќе положиле и почит кон загинатите оддале припадници на Армијата и полицијата, претставници на Владата, на локалната власт и блиски и членови на семејствата.

На 10 август 2001 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

 

Најнови вести