сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Велјаноски со апел: Владејачкото мнозинство да собере храброст и да се поништи актуелниот Закон за попис, самите признаваат дека не е време за ваква операција

Велјаноски со апел: Владејачкото мнозинство да собере храброст и да се поништи актуелниот Закон за попис, самите признаваат дека не е време за ваква операција

„Мојата информација е дека законот за повлекување на Законот за попис ќе биде ставен на дневен ред на утрешната седница на Собранието. Мое мислење е дека мнозинството ќе најде доблест и храброст за тоа што кога и ние разговараме надвор од седниците и самите признаваат пратениците на мнозинството дека не е време за попис, имајќи во предвид дека имаме огромен број на починати лица од КОВИД-19, еве само вчера имавме 25 починати, и дека во услови на една ваква пандемија не е вистинско време да се одржи овој попис“, нагласи Александар Велјаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Велјаноски апелираше до пратениците од владејачкото мнозинство да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Попис во Македонија, вели, треба да има во вид на статистичка операција, а не како политичка како што сака владата да ја протурка.

„Имајќи во предвид дека власта упорно го турка пописот да започне од први април сметам дека се многу мали шансите да се прифати нашиот закон, но да почекаме и да видиме што ќе се случи во текот на утрешниот ден со надеж дека ќе се повлече актуелниот Закон за попис“, рече Велјаноски.

Најнови вести