Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања, рече дека наместо високите функционери во власта да се борат со криминалот и корупцијата, станала организатори, соработници и директни соучесници во криминалот.
-Високата корупција и криминал се феномени против кои владата на Зоран Заев не само што не успеа да се избори туку нејзини функционери се претворија во организатори, соработници и соучесници во криминалот. За многу скандали до ден денеска јавноста не слушна дека има покренато истраги од страна на обвинителството, а камо ли пак обвинителен акт или судска разрешница на некој предмет, вели Велјановски.
-Политичари од врвот на власта кои со име и презиме се прозвани од јавноста за коруптивни и криминогени активности, иако за нив се пишува во странски и домашни медиуми за некои од нив има и аудио снимки се заштитен вид и се недопирливи пред органите на прогонот. Истите наместо да одговараат пред законот се поштедени и вршат високи државни функции, додаде тој. Првото прашање е во врска со висок функционер на владата Драги Рашковски, дали против него ќе биде поднесен обвинителен акт или ќе биде отворена предистражна постапка. Она што го слушнавме од медиумите е дека компанијата ЈЕЛАК Градба со седиште во Тетово чии управител е контроверзниот црногорски политичар и бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака неодамна го откупил целиот имот од објектот на поранешниот ШИК ЈЕЛАК. Но, исто така добила и решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. За овој случај уште во мај 2020 година за прв пат се обелодени дека во советот на општина Тетово е ставена точка за однесување на ДУП за атрактивно земјиште на влезот во Тетово каде што се наоѓаат шумарско индустрискиот комбинат ЈЕЛАК, ЈП Македонски шуми Тетово и други објекти на кои е предвидена изградба на повеќе од 20 осум катници и неколку трговски центри, праша Велјановски.
Велјановски ги спомна и другите скандали кои се поврзани со Рашковски, меѓу кои и случајот Леонардо и набавката на софтвер со кој се од позиција на генерален секретар на владата за 81.000 евра за потребите на МВР, а полицијата воопшто не ни знаела за ова, ниту пак ќе го користела.
-Прашањето до вас е следно, дали ќе побарате одговорност што Драги Рашковски како висок владин функционер за кој што има индиции дека е вмешан во организиран криминал е надвор од државата, далеку од органите на прогон и обвинителството конечно ќе се охрабри да поднесе акт односно истрага против него, праша тој.
Велјановски праша и дали ќе има одговорност и за Мила Царовска за случајот Меѓународен сојуз во кој вчера еден од сведоците изјави дека токму Царовска лично ја упатила кон невладината организација чии претседател бил Бојан Јовановски.
-Дали има отворено предистрага за вмешаност на Мила Царовска во овој скандал и доколку е отворен до која фаза е постапката, посочи Велјановски.
Велјановски го праша Николовски и за родилката од Дебар на која и беа извадени здрави органи, односно како што рече тој и по седум месеци од назначување на Николовски за прв човек во борба против криминалот не се одважил да излезе и да ја информира јавноста за целиот случај, но и колку функционери биле вмешани во ова.
-Дали има коруптивни елементи и дали чувствувате одговорност за фактот што поминаа повеќе месеци од кога се случи осакатувањето на родилката од Дебар а вие како прв антикорупционер од власта не излеговте во јавноста со извештај за тоа каде се имало корупција во овој случај, а исто така можевте да кажете колку функционери се вмешани во осакатувањето на родилката и се суспендирани од своите позиции, објасни пратеникот Велјановски.