четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велјановски: На Македонија и потребен целосен ресет со нова и принципиелна Влада, на 18 јуни ќе има голем народен протест на кој што сите незадоволни ќе го искажат својот револт

Велјановски: На Македонија и потребен целосен ресет со нова и принципиелна Влада, на 18 јуни ќе има голем народен протест на кој што сите незадоволни ќе го искажат својот револт

Многу држави навреме презедоа мерки за да се справат со енергетската криза, зато што ништо не доаѓа преку ноќ. Да ја потсетам јавноста дека ние сме држава со најголем број на кризи. Ние имаме прогласено мигрантска криза, енергетска криза, криза со топлинската енергија и здравствена криза, што е премногу, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Тој во гостувањето на Шења телевизија истакна дека дека на Македонија и се случува и политичка криза која што е се поочигледна, особено кога треба да се обезбеди кворум за работа на Собранието.

„Да не зборуваме дека имаме и политичка криза која што е се поочигледна. Имаме извршна власт која што навистина е неспособна да се справи со целата ситуација. Имаме пратеници од мнозинството кои што секој ден се пазарат за да обезбедат кфорум за расправа со Собранието и имаме судска власт во која што 92% од граѓаните немаат никаква доверба. Значи, имеме еден парализиран систем на кој што му треба рестарт“, истакна Велјановски во своето интервју на Тв Шења.

Токму затоа, додаде тој, донесовме одлука за оваа активна блокада на Собранието, што е еден дел од мерките кои што треба да доведат до побрзи прдвремени парламентарни избори, односно, со оваа блокада на Собранието ние придонесовме да се види онаа лоша страна на власта, особено на пратениците во мнозинството, па и на претседателот Талат Џафери.

Велјановски истакна дека на 18 јуни ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата организираат голем сенароден протест на кој секој разочаран и незадоволен граѓанин од актуелната власт, и секој кој сака поубава иднина за себе и за Македонија, ќе може јавно да им каже не на оваа власт.

„На 18 јуни имаме закажано голем протест, кој што ќе биде организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Протест кој што треба да го забрза падот оваа власт, протест кој што треба да доведе до предвремени парламентарни избори, што е можно побрзо. И сметам дека 18 јуни ќе биде денот кога сите оние кои што чуствуваат во себе револт, кој што сакаат да направат нешто за својата држава и сите оние кои што сакаат да направат нешто за своја подобра иднина, да излезат на улица и да кажат едно огромно не на оваа Влада“, рече Велјановски.

Тој додаде дека, оваа власт имаше доволно време да покаже што може, а граѓаните добро видоа дека не можат многу да направат и на нив и треба нова власт со принципиелни политики, пред се за чесност.

Додаде дека за сите кои што до сега се огрешиле пред законот, треба да има одговорност, треба да има затвот, а тоа се функционерите на ДУИ и на СДСМ кои што направија многу малверзации во овие години.

Најнови вести