четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велјановски: Пет години СДСМ и ДУИ се на власт, се помалку напредок во областа на правосудсвото и се помалку правда и мир

Велјановски: Пет години СДСМ и ДУИ се на власт, се помалку напредок во областа на правосудсвото и се помалку правда и мир

Пет години СДСМ-ДУИ и нема правда нема мир на власт, за жал се помалку правда и мир. Апсолутно не гледаме напредок во областа на правосудсвото, извештаите на народниот правобранител се се’ подебели и прекршувања се повеќе, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„За жал во Собранието не се организираат овие надзорни работи и не ја достигнуваат суштината. Имаше надзорна работа за пропаднатата банка „Еуростандард“ каде таа заврши и никој не знае што произлезе од тоа“, рече Велјановски.

Велјановски истакна дека ѓраѓаните имаат за право да си ги бранат своите интереси и пред судовите тука постојат многу дилеми и многу предмети за кои за жал се заглавени по лавиринтите. Мора да се предвиди кривично дело во законот злоупотреба во извршувањето и да бидат казнети сите извршители кои злонамерно ја извршуваат оваа постапка.

„За жал слухот кај мнозинстово пратеници кога станува збор осовено во делот на правосудството е многу мал. Реагираме секаде каде што може се со цел за подобрување на законските решенија но многу мал дел се прифаќаат нашите предлози“, кажа Велјановски.

Најнови вести