„Имаме една галопирачка сиромаштија и една инфлација која расте. Прагот на сиромаштијата апсолутно се зголемува и сета таа тежина паѓа врз граѓаните“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Велјановски потенцираше дека постојат злоупотреби на сите страни, особено во спрегата помеѓу судовите, извршителите и нотарите. Оценка за состојбите во правосудството даваат сите релевантни институции и организации како Стејт Департментот, извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија и ДКСК каде цело време се алармира дека имаме класични злоупотреби во правосудството кои подолг период не се решаваат
„Граѓаните се соочуваат со неможност да ги платат своите, покрај тоа се соочуваат и со извршни долгови кои се побаруваат од нив и од кои за жал и во извештајот на народниот правобранител за 2021-ва година видовме голем број претставки од обласста на правосудството делот извршувањето“, рече Велјановски.
Велјановски посочи дека министерство за правда согласно законот за извршување има право на надзор на работата на работата на извршителите. Во самиот извештај се нотира дека има проблеми при доставувањето на овие извршни исправи каде одредени извршители прават злоупотреби со цел да наплатат поголеми каматите од нивните трошоци.
„Министерството за правда прво треба да си ја сработи својата работа и да провери дали извршителите работат согласно закон, колку редовни и вонредни надзори има извршено министерството за правда“, кажа Велјановски.