Предложивте 6 министри за разрешување. Тројца се повлекоа со оставки, останаа уште тројца за разрешување. Немате контрола на нив, односно не се согласуваат со вас за да бидат сменети. Тоа е знак дека не се согласува и Тевдовски со ова што го кажувате, со ова што го предлагате и со нешто што сте сакале да му наметнете нешто да прави, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски на денешната седница за реконструкција на Владата.
Вељановски укажа дека Заев не може да биде и претседател и министер, посочувајќи му дека со министерството раководи министерот, а во случај на отсуство на министерот, го заменува заменик министерот.