вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велјановски: Заев – Дака панамската шема за перење пари и криминал за 2000 стана во Тетово ќе го уништи градот

Велјановски: Заев – Дака панамската шема за перење пари и криминал за 2000 стана во Тетово ќе го уништи градот

Со пари од Панама се прави криминал. Дали Дака-Заев панамската шема за перење пари и криминал за 2.000 стана во Тетово ќе го уништи градот? Една недела откако го објавивме случајот власта молчи. Зделката за која слушнавме пред изборите дека е средена со поткуп од 300.000 евра и 2.000 квадрати простор, плус уште 4 милиони евра откако ќе се заврши работата, власта ја заврши на само еден ден по формирањето на владата, изјави денес на прес – конференција, Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова се документи на кои што може да се види дека сопственик на земјиштето на „ШИК Јелак“ е всушност фирма од Панама, тоа е фирмата „Адастра корп груп“, чиј сопственик е Миодраг Давидовиќ Дака, која ја поседува домашната фирма „Јелак градба“, каде управител е исто така Дака. Се поставува прашањето зошто зад фирмата „Јелак градба“ стои фирма од Панама, која е оф шор држава и каде постојат сомнежи дека завршува капитал од перење на пари и други казниви дела. Дали и какви се парите со кои ќе се гради во „ШИК Јелак“ и уште поважно, каде ќе заврши профитот од 200 милиони евра колку што ќе изнесува претпоставената заработка од целиот бизнис со 2.000 станови и илјадници метри квадратни деловен и станбен простор? Дали парите заработени во Македонија од нашите граѓани ќе се изнесат назад во Панама?
Дали овој проект служи за чисто испумпување на пари? И на крај дали парите за кои слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, а Дака му ги ветува на Кичеец откако ќе се заврши работата завршиле кај Зоран Заев или друг претставник од власта?, прашува тој.

Велјановски тврди дека овој проект е преобемен и штетен, го оптеретува централното градско подрачје и ја затвора и циркулацијата на воздух во Тетово, кој и онака е најзагаден град во Македонија.

-Оваа градежна џунгла во најава ќе го уништи Тетово. Мафијата, криминалот и власта во Македонија се едно исто и мора да паднат, заклучи тој.

Најнови вести