вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велјановски: Законот за амнестија е противуставен оти не важи еднакво и за лицата од 27-ми април кои се осудени за дело кое не го направиле

Велјановски: Законот за амнестија е противуставен оти не важи еднакво и за лицата од 27-ми април кои се осудени за дело кое не го направиле

-Овде станува збор за коалициони партнери во Владата каде што помина законот за амнестија, а во Собрание се случи поигрување со судбините на луѓето во затворите. Дел од пратениците од власта гласаа за законот, а дел против, вели Александар Велјановски пратеник во собранието од ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска не се изгласа Законот за амнестија.

Велјановски рече дека ова е веќе трет закон за амнестија во речиси 7 години од владеењето на СДС и ДУИ посочувајќи дека со ова се дерогира судската власт

-Ова е трет обид за закон за амнестија во владеењето на СДС и ДУИ и за мене ова е дерогирање на судската власт и поништување на работата на судиите и обвинителите, додаде тој.

Според Велјановски законот за амнестија е противуставен бидејќи не се опфатени лицата осудени за 27ми април за дело кое што не го направиле, а кои се третираат во нехумани услови.

-Овој закон сега се носи на неколку месеци пред изборите, а претходните искуства покажуваат дека од ваквите закони немало ефект. Сметам дека законот во еден дел е противуставен оти не важи еднакво за сите што отслужуваат казна затвор, а ние имаме и политички затвореници кои се третирани нехумани, а мислам на осудените од 27 април кои се со пресуди за дела кои ги немаат направено, вели Велјановски.

Најнови вести