Зоран Верушевски назначен за претседател на Комисија за внатрешни работи,а Бојан Маричиќ за шеф на Комисијата за европски прашања. Ова се дел од одлуките на СДСМ донесени вчера на Централниот одбор на партијата со кој се заокружија промените.
Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначаен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски, за образование и наука Елизабета Наумовска.
Едмонд Адеми е назначен за шеф на Комисијата за надворешни работи, Драган Николиќ ќе ја води Комисијата за одбрана, Златко Николовски Комисијата за правда, Благој Бочварски Комисијата за транспорт и врски, Фатмир Бекиќи Комисијата за финансии, Драган Гоцевски ќе ја води Комисијата за информатичко општество и администрација, Дејан Павлевски Комисијата за локална самоуправа и Митко Андреевски ќе ја води Комисијата за енергетика.
По Централниот одбор синоќа, СДСМ истакнаа дека ги заокружиле промените во партијата, дека биле секојдневно меѓу граѓаните и дека правото владеело со нив.
– Тимовите на СДСМ веќе се секојдневно меѓу граѓаните, на теренот, на маалски средби, ги слушаме граѓаните и делуваме. Она што го забележаа нашите тимови се анализира, ќе биде преточено во дополнителни политики и позитивни мерки во интерес на граѓаните.Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има, истакна синоќа Љупчо Николовски.
На следниот Централен одбор на СДСм е најавено носење нов пакет на мерки како што велат од партијата, во интерес на граѓаните.