петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Весела математика во анкетата на МЦМС и Телма: Дали желбата да се поткрене рејтингот на Заев и СДСМ е посилна од реалноста?

Весела математика во анкетата на МЦМС и Телма: Дали желбата да се поткрене рејтингот на Заев и СДСМ е посилна од реалноста?

Дали резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од МЦМС, а нарачана од телевизија Телма и која беше објавена вчера, е показател дека желбата да се поткрене рејтингот на СДСМ е посилна од реалноста?

Ова е прашањето кое логично се наметнува откако има низа нелогичности во резултатите на испитувањето на јавното мислење.

Имено, на неколку места се направени грешки кои ја ставаат под знак прашалник меродавноста на самата анкета.

Во неколку случаи збирот на процентите објавени на графиконите не изнесува 100% како што би требало и би се очекувало од сериозна агенција за испитување на јавното мислење како што е МЦМС и од телевизија Телма.

На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, за која политичка партија ќе го дадете својот глас?“ вкупниот збир на одговорите изнесува 100,1 процент.

На истото прашање но во графите каде е поделено гласачкото тело на Македонци и Албанци кај Македонците вкупниот збир изнесува 99,7 проценти додека кај анкетираното албанско гласачко тело збирот изнесува  99,5 проценти.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ збирот изнесува 99,9 проценти.

Слична „грешка“ има и кај прашањето „Дали изборите би требало да се одржат:“. Исто и тука вкупниот збир на понудените одговори изнесува 99,9 проценти.

Понатаму, на прашањето „Дали сметате дека е потребна политичка амнестија за постигнување политичко помирување во земјата збирот на сите одговори е 100,1 %.

На прашањето „Дали сметате дека е потребна амнестија за постигнување политичко помирување во земјата?“ во графата Македонец/ка вкупниот збир иснесува 100,1 процент.

Најнови вести