Александар Кирацовски од СДСМ со весела математика.
Тој напиша статус на тема запленетата дрога, сакајќи вината да ја тргне од криминалци блиски со раководството на СДСМ, па се обиде да ја искритикува опозицијата.
Но, на Кирацовски нешто не му појде од рака, па според неговата математика разликата меѓу 1.300 и 1 изнесува 1.229. Сакаше да собере бројки кои ќе доведат до 1.300 килограми дрога, но не успеа.
Ако целта му беше да стигне до тие 1,3 тони, далеку е од сопствената равенка. Ако на 1 додадете 1.229, ќе добиете 1.230.
За останатите 70 килограми дрога најверојатно ќе бара одговори во некој друг статус.