Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар“ во Охрид ќе имаат боево гаѓање.
Единицата, како што оопшти СВР Охрид, утре ќе реализира тактичко – показна вежба кај комплексот „Инекс“. В четврток и петок единицата „Тигар“, ќе ги спроведе завршните плански активности кај каналот „Студенчишта“.
– Се работи за редовна вежбовна активност на од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, соопшти СВР Охрид.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.