Во Основниот суд Скопје 2 денеска започна судскиот процес Вице Заев против Александар Николовски за наводна клевета.
Тужителот Вице Заев не се појави во судницата на денешното подготвително рочиште, туку неговиот адвокат и роднина Горан Заев.
Тужениот Александар Николоски пред судот рече дека сам ќе се брани и со докази ќе ги отфрли обвиненијата дека извршил кривично дело клевета.
Адвокатот Горан Заев кажа дека ќе бара Николовски да го докаже она што го искажал во изјава дека тужителот преку тендери станал главен бизнис фактор во државата.
Следното рочиште е закажано за 26 февруари.