вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вице Заев пред судот потврди дека е дел од повеќе бизниси во државата и сопственик на повеќе компании

Вице Заев пред судот потврди дека е дел од повеќе бизниси во државата и сопственик на повеќе компании

Во Основен суд Скопје 2 денеска продолжи судскиот процес Вице Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за наводна клевета.

Во судницата овој пат се појави Вице Заев кој како тужител беше распитан од страна на Николоски со цел да се докаже дека се работи за јавна личност и бизнисмен кој што станува главен бизнис фактор во државата.

На прашања на Николоски, Вице Заев потврди дека е сопственик на две компании “Тотал Инженеринг” и “Тотал Електрик”, акционер во две фирми во Струмица и дека има капитално-поврзани друштва.

На прашањето дали на аукција за земјиште што ја прави неговиот брат Зоран Заев, тој потпишал договор од 2 милијарди денари, а бизнис партнерот на Заев, Саше Брневски, се стекнува со 8 парцели за 700 илјади евра, Вице Заев потврди дека е точно, но бројките се многу различни.

Исто така Заев потврди и за бизнисот со канабис кој го отвори со брат му Зоран, за тендер со градоначалникот Петре Шилегов и многу други.

Во врска со негирањето на Вице Заев дека е јавна личност, тужениот Николоски во судницата прочита наслови од две негови интервјуа во „Фактор магазин” и „Независен весник”.

-Дали луѓе кои не се јавни личности е нормално да даваат интервјуа? Вашиот адвокат рече дека не сте јавна личност, рече Николоски.

Основата на одбраната на Николоски, како што изјави тој, е членот 10 од Конвенцијаѕа за заштита на човековите права и слобода на изразување.

-Јавна личност е изложена на критики и секогаш треба да биде спремна на тоа, заврши Николоски.

На следното рочиште на 12-ти април, ќе се презентира ЦД-то со изјавата на Николоски и ќе се изведуваат завршните зборови.

Најнови вести