недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вице Заев тврди дека нема докази за негов рекет, точни 10 % од обвинувањата за него

Вице Заев тврди дека нема докази за негов рекет, точни 10 % од обвинувањата за него

Во интервју за Слободен Печат братот на премиерот Заев, Вице, негира 9/10 од сите работи за кои се прозива во јавноста.

Признава дека не е безгрешен но тврди дека го почитува законот.

Бизнисите со канабис за кои се шпекулира дека тој и неговиот брат стојат зад нив според неговата изјавата не се негови туку на неговите братучеди.

“Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, немаме лиценца за одгледување и производство на канабис. Немаме ниту личен дел во фирмите на братучедите. Дури и тие не се сто проценти газди, имаат партнери од Холандија, Германија и Израел”, вели Вице Заев за СП.

Вели дека и тој прави грешки но дека досега никој не пријавил ниту има докази дека ги направил работите за кои се товари.

“Не сум безгрешен, ама 90 проценти од работите што ми се ставаат на товар не се точни. Самиот факт што никој не се пожалил дека некого сум рекетирал, дека сум влегол во нечиј бизнис или сум му земал нешто што не ми следува зборува дека јас не сум престапник на законот. И тоа што се зборувало е на база на шпекулација, докази нема. Никогаш не „фаќам врски“. Пред некое време ме казни полиција за неносење маска, и најрегуларно си ја платив”, вели братот на премиерот.

Кои се десетте проценти од обвинувањата за криминал за кои се товари не открива.

Целото интервју на Слободен Печат

Најнови вести