Се уште е во тек е спасувачка акција на Халкидики каде се трага по двајца македонски државјани во областа Посиди.
Според првичните информации, прво се исчезнати тројца Македонци, од кои едниот, 25- годишен, е најден, но се трага по останатите двајца. Тие се на возраст од 29 и 30 години.
Според неофицијалните информации, тие славеле роденден на плажата, но кога влегле во морето, биле однесени од струите. За нивното лоцирање се ангажирани бродови и хеликоптери и интензивно се трага.