Големи пламени јазици синожа се издигнуваа од мостот во близина на трговскиот центар Ист Гејт. Според првичните информации, гореше инсталација на струја и топловод.
На друштвените мрежи се споделуваат фотографии и видеоа од немилиот настан. На терен излегоа екипи од противпожарната единица во Скопје.
Остатоци, најверојатно од пластика се гледаат и по течението на Вардар. Скопје е прекриен со густ црн чад.
ЦУК: Изгаснат е пожар на мостот „Беласица“ на Вардар, кај ТЦ „Ист Гејт“ во Скопје
Преку единствен број за итни повици 112 при Центарот за управување со кризи (ЦУК) на полноќ e добиен повик за пожар на долната страна на мостот „Беласица“ за моторни возила над реката Вардар, на истоимената улица „Беласица“ кај затворениот трговски центар „Ист Гејт“, што е во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ кај трговскиот центар. Веднаш по добиената информација од страна на Секторот за операции и координација (СОК) и Регионалниот РЦУК Скопје на ЦУК биле известени сите можни институции и фирми, коишто имаат или, пак, е можно да имаат инсталации под мостот и е извршена координација со Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, којашто била на терен со 8 противпожарни (пп) возила и 21 пожарникар.
Во 01.45 часот БППЗ на Град Скопје извести дека пожарот е локализиран, додеа дека нивна пп екипа се уште била на терен да догасува делови од пожарот, а во 1:50 часот ЈП „Железници“ извести дека електричниот напон бил вклучен.
Во 2.28ч Секторт за операции и координација на ЦУК извести дека воспоставиле контакт со ЕСМ за интервенција на постоечките топлински цевки што биле пукнати од пожарот.
За причините за пожарот и што точно горело, дополнително ќе бидат добиени информации, по увидот на терен.
ВИДЕО: Борислав Стоилковиќ