сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Хеликоптерот на МВР исфрли 17 тони вода на пожарот кај Богданци

ВИДЕО: Хеликоптерот на МВР исфрли 17 тони вода на пожарот кај Богданци

Хеликоптерската единица за полициски намени денеска дејствуваше во реонот на Богданци, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 11.00 часот кај месноста Брдаров Камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“.

-Пожарот кај Богданци, во кој биле опожарени околу 500 хектари нискостеблеста шума, го зголемил интензитетот попладнево и покрај интервенцијата на двата Ер трактора на ДЗС кои низ повеќе налети и исфрлање вода учествуваа во гасење на пожарот, по што кон локацијата се упати и еден од полициските хеликоптери опремени за гаснење на пожари. Притоа хеликоптерот на МВР исфрли 17 тони вода, пожарот е локализиран, спречено е негово ширење кон пределот каде се поставени ветерниците, но поради смрачување, односно слаба видливост, сѐ уште не е изгаснат, информира МВР.

Во гаснењето на пожарот покрај МВР и ДСЗ, учествуваат и пожарникари од Дојран и Валандово.

Најнови вести