сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Хеликоптерот на МВР исфрли над седум тони вода, изгаснат пожарот кај Мантово

ВИДЕО: Хеликоптерот на МВР исфрли над седум тони вода, изгаснат пожарот кај Мантово

Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска дејствуваше во реонот на езерото Мантово, во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш каде успешно беше изгаснат пожарот кој настана денеска околу 14 часот.

-По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активира хеликоптер на МВР веднаш е постапено и хеликоптерот прецизно исфрли 7 тона вода и заедно со пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од општина Конче го изгасна пожарот, информира МВР.

Најнови вести