понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Избегнати три сообраќајки – возач вози во спротивен правец пред Свети Николе

ВИДЕО: Избегнати три сообраќајки – возач вози во спротивен правец пред Свети Николе

Вистинска среќа имале неколку возачи кои вчера случајно се нашле на патот Кадрифаково – Свети Николе избегнувајќи сообраќајна несреќа, откако возач од непознати причини со автомобилот постојано се движел во лентата за спротивната насока. Како што пренесе СИТЕЛ, заедно со регистарската табличка на автомобилот, за неполни 15 минути биле избегнати три сообраќајни несреќи.

„Пред неполн час на патот Кадрифаково – Свети Николе за неполни 15 минути за среќа беа избегнати 3 страшни сообраќајки. Велам за среќа бидејќи возачите во спротивна насока излегоа надвор од пат за да не се удрат. Дали среќата го послужила шоферот и наредниот период не знам.

Она што го знам е дека и по пријава во полиција никој не се појави до моментот кога мојот пат и патот на совесниот шофер од сликите и видеото во линкот подолу се разделија.

Дали по страшната сообраќајка на ист начин од пред недела дена кога имаше и загинати лекцијата не се научи?“ – пишува нивниот читател кој го испрати ова видео.

Најнови вести