недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Курто Дудуш продолжува да дели правда

ВИДЕО: Курто Дудуш продолжува да дели правда

Шест дена откако градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ја доби пресудата – судска опомена од судијата Ѓоко Ристов од Кривичниот суд по приватната тужба од тужителот Демир Исмаил, во која тој беше обвинет за нанесување на телесна повреда, Дудуш се огласи на Твитер. Иако тогаш и му се извини, Курто денеска преку социјалната мрежа го навреди Исмаил, пишува Плусинфо.мк.

Инаку, Исмаил бил удрен од Дудуш на ромски бал кој во минатата година се одржал во хотелот „Александар палас“, како што беше наведено во тужбата, а уште тогаш тој најави дека ќе го тужи Дудуш и дека парите ќе ги донира.

Како главна причина за нападот Исмаил претпоставуваше дека е фактот што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, а Дудуш се обидувал да го спречи во тоа.

Обвинетиот градоначалник Дудуш, бранејќи се пред судскиот совет, пред една недела рече дека настанот се случил во афектна состојба .

– Му се извинувам официјално. Ова немаше да се случи, да можам да го вратам времето – рече обвинетиот Дудуш.

А оштетениот Исмаил најави граѓанска тужба за парична оштета против Дудуш и дека парите ќе ги донира за децата без родители.

А еве што денеска изјави Дудуш на Твитер:

Најнови вести