вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Неговата музика галеше душа и срце, утре последно испраќање на Милан Завков

ВИДЕО: Неговата музика галеше душа и срце, утре последно испраќање на Милан Завков

Утре, 8-ми февруари 2023 (среда) ќе се одржи Комеморативен собир во спомен на македонскиот врвен инструменталист и музички автор, Милан Завков.

Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

Eден час потоа ќе биде извршено и погребувањето на посмртните останки.

Маестро Милан Завков почина ненадејно вчеравечер, во 61-та година од животот.

Зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а сопругата и ќерките, прекрасен сопруг и татко.

РЕДАКЦИЈАТА НА КУРИР ИЗРАЗУВА ИСКРЕНО СОЧУВСТВО ДО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО

Најнови вести