сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Ситуацијата излезе од контрола: Бугарски навивачи влегоа во Чаир, нападнати се од локалното население (ВИДЕО)

ВИДЕО: Ситуацијата излезе од контрола: Бугарски навивачи влегоа во Чаир, нападнати се од локалното население (ВИДЕО)

Телевизијата Клан Македонија пред малку на својот официјален Фејсбук профил објави снимка од случувања во Чаир пред мечот меѓу Шкупи и Левски во Скопје.

На снимката, како што се тврди, може да се забележат инциденти, односно во описот стои дека бугарски навивачи влегле во Чаир, по што биле нападнати од локалното население. Повеќе детали засега не се познати.

Полициски службеници има на секој чекор низ центарот на Скопје, па се до арената „Тодор Проески“. Таму вечерва од 21 часот се одигрува натпревар кој е прогласен за висок ризик, јавува SPORTM.mk

Последните политички случувања меѓу Македонија и Бугарија даваат дополнителна тежина на овој натпревар, со што ризикот станува поголем.

Се очекува од Бугарија да пристигнат околу 1000 фанови на Левски. Тие периодов се жалеа дека цената за нивните билети е дури 10 пати поскапа од така за домашните навивачи.

Најнови вести