четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

(Видео) Заев проговори француски

(Видео) Заев проговори француски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во текот на вчерашниот ден беше во работна посета на Република Франција. Во Елисејската палата премиерот Заев беше пречекан од претседателот на Република Франција, Емануел Макрон по што следуваше заедничката изјава за медиумите.

„За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време. Пред нас е Самитот на Европскиот Совет во јуни, што е вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решенија, а најважното просперитетно решение пред нас е решението за почеток на преговорите кој ќе биде одобрен од сите земји членки на ЕУ“, истакна премиерот Заев во својата изјава.

Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување, порача вечерва францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката изјава со премиерот Зоран Заев пред Елисејската палата во Париз, за разлика од 2019 година кога токму Макрон кажа не за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Од тогаш, тоа ќе го кажам со големо признание и воодушевување, патот на Македонија беше извонреден. Денес ве примам како сојузник во Париз неколку дена пред Самитот на НАТО. Со полна поддршка на Франција, вашата земја станата членка на Алијансата, откако стави крај на разликите со Грција. Договорот од Преспа кој вие го изработивте, драг Зоран, заедно со Алексис Ципрас заслужува да се нарече историски. Вие покажавте голема политичка храброст за да успеете и да го убедите вашиот народ. Сакам да потсетам овде дека ништо не беше напишано однапред, вие го изградивте и носевте со Алексис Ципрас и го зацврстивте“, нагласи Макрон.

По сево ова следеше срдечно благодарам од страна на македонскиот премиер на Француски, погледнете како изгледаше тоа:

Најнови вести