среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИКЕНДОВ ПОВТОРНО ХАОС : Еве колку време се чека на Богородица и Табановце

ВИКЕНДОВ ПОВТОРНО ХАОС : Еве колку време се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози и има зголемена фреквенција на ГП Богородица и Табановце.

Според АМСМ времето на чекање за излез од државата на овие два гранични премина е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести