петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Викендов сончево време, во понеделник голема промена

Викендов сончево време, во понеделник голема промена

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=9

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

И во недела ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во деновите потоа ќе има повторно стабилизирање на времето.

Најнови вести