понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Викендов температурен шок – голема разлика во дневната и ноќната температура, особено во сабота подгответе се за минус (ФОТО)

Викендов температурен шок – голема разлика во дневната и ноќната температура, особено во сабота подгответе се за минус (ФОТО)

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од северен ,а попладне од југоисточен правец.

Најнови вести