среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ: Магла на Плетвар и на патот Лисец – Попова Шапка

ВИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ: Магла на Плетвар и на патот Лисец – Попова Шапка

Намалена видливост од 30 до 50 метри поради појава на магла има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, а на планинскиот превој Плетвар има намалена видливост од 50 до 100 метри.

Како што информира АМСМ, се уште има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести