вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вишокот гас Србија ќе ни го дава нас

Вишокот гас Србија ќе ни го дава нас

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград изјави дека сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот во преговорите со Србија да се искористат нејзините вишоци на природен гас за нашата гасна централа за производство на електрична енергија.

-На тој начин нашата индустрија ќе добие пониска енергија од онаа што ја добива на берзите, а Србија ќе може да ги надомести своите недостатоци за електрична енергија особено во јужниот дел од земјата. Многу пати не прашуваа дали имаме решение за тоа. Нашите тимови не престанаа да работат и мислам дека во моментот сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот – рече Ковачевски на крајот од своето обраќање на заедничката прес-конференција со лидерите на Западен Балкан.

Најнови вести