недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП!“

„ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП!“

Кога „зборот е збор“ топлината ќе дојде со задоцнување од речиси цела година! Сета среќа што се најавија избори за власта да се сети дека има граѓани на кои им е неопходно ефикасно затоплување, кое пак, од истата таа власт им беше ветено за ланската зима.

Несомнено е дека власта на СДС како и секогаш, така и сега, на граѓаните се сеќава само пред избори, а потоа ја зафаќа постизборна амнезија, што пак го отвара прашањето дали и оваа зима граѓаните ќе успеат да ги добијат помпезно највуваните и долгоочекуваните инвертери или пак повторно станува збор за класичен предизборен поткуп својствен за оваа власт!?

Како и пред 9 месеци, така и сега ќе запрашаме зошто грејните тела да се одземаат и да се фрлаат во отпад, кога имаме толку многу семејства на кои премногу би им значеле овие грејни тела?! Потоа, колку граѓани ќе добиеја инвертери ако Град Скопје не потрошеше 33 милиони денари за тревата, колку граѓани ќе имаа ефикасно затоплување ако власта не се луксузираше со набавки на бадеми, лешници, фстаци, октоподи, шкампи, ракчиња, виски, бурбон, вотка, десетици тони сокови и минерални води за кои потроши 450.000 денари и колку граѓани повеќе ќе можеа да аплицираат за инвертери ако власта не потрошеше 20 илјади евра за плагијат – срамната фотографија со која ни промовираше нечија Дома!?

Како и да е, јавниот повик за субвенционирање ќе излезе следната недела и ги повикуваме сите граѓани да аплицираат затоа што сепак станува збор за нивни пари! Дополнително сакаме да им укажеме на граѓаните да бидат што побрзи со обезбедувањето на потребната документација за аплицирање затоа што повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден – прв услужен“, а сите веќе се уверивме во тоа како функционираат владините „брзи прсти“ при доделувањето на било што од власта кон граѓаните!

Одговорност мора да има и ќе има, а одговорноста се вика – 15ти јули!

Лидија Петкоска, комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести