На денешната прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ”, портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири, преку службени документи обелодени случаи на флагрантни прекршоци во сферата на урбанизмот од страна на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.
-Како прво, ве потсетуваме дека кога Невзат Бејта беше министер за локална власт во 2011 година, на владин состанок тој побара да му се одземат надлежностите во сферата на урбанизмот на Општина Гостивар кога со неа раководеше Руфи Османи. Тогашната влада ВМРО-ДУИ истото и го направи на 29 јануари 2012 година, токму во времето кога во сила беа два паралелни закони, односно Законот за градење и Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Во тоа време, инспекторите евидентираа 52 објекти во изградба, без соодветна документација, а истите објекти до ден денес имаат проблеми со решавање на правниот статус. Односно за сите овие објекти беа составени Записници и Решенија за рушење и се евидентираат како дивоградби кои треба да се рушат, што подразбира дека не можат ниту да се легализираат, ниту за нив да се издаде градежна дозвола, објасни Демири.
„Но, за “гостиварскиот газда, законите не важат” и тој, значи Невзат Бејта, кога биле во прашање негови лични интереси, најверојатно за материјални придобивки, бил во состојба да ги супримира законите и да ги занемари соодветните служби, па самиот-лично потпишувал решенија за легализација на дивоградбите“, рече Демири.
Тој, на новинарите им ги достави во увид и решенијата во кои отсуствува потписот на раководителот на Секторот за урбанизам, што јасно укажува дека истиот, барем во овој случај, не сакал да стане дел од криминалот.