среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вистината за скандалот со Дескоска: Владата лаже за начинот на кој се врши номинација за член на Венецијанската комисија!

Вистината е поинаква од онаа лиферувана од Заевата Влада дека тие само номинираат, а Венецијанска го има последниот збор. Всушност, постапката е многу поинаква од прикаската на институцијата од „Илинденска“ бр.2.
Вистината за скандалот со Дескоска: Владата лаже за начинот на кој се врши номинација за член на Венецијанската комисија!

Владата не е искрена во случајот со номинацијата на министерката за правда Рената Дескоска. Правните експерти за Курир потврдија дека владата сурово калкулира со јавноста во врска со начинот на кој се врши изборот и прифаќањето на претставникот во ова високо тело.

Вистината е поинаква од онаа лиферувана од Заевата Влада дека тие само номинираат, а Венецијанска го има последниот збор. Всушност, постапката е многу поинаква од прикаската на институцијата од „Илинденска“ бр.2.

Правните експерти за Курир велат дека неспорен факт е дека членот на Венецијанската комисија секогаш се предлага од Министерството за правда, а го потврдува Владата на Македонија. Таквата одлука се праќа до Венецијанската комисија која само го почитува изборот направен од националната влада. Венецијанска не одобрува или враќа, туку го прифаќа понуденото решение, сметајќи дка тоа е право на државата. Тоа е принципот кој секогаш се почитува.

Тоа значи дека воопшто не се точни информациите дека Владата врши само номинација, а дека Венецијанската комисија го потврдува членот на државата. Во случајов со министерката за правда, таа самата се предложила пред владата, а владата сигурно ќе ја потврди како член на Венецијанската комисија, чин кој претставува правен преседан и скандал од меѓународни размери кој може да влијае и на онака нарушениот имиџ на земјата. Се работи за почитувано тело и институција со огромен кредибилитет и светска репутација.

Проблемот и прашањето е дали изборот, направен на ваков начин од самиот старт, го става под знак на прашање кредибилитет на претставникот од Макеоднија?

Домашните експерти, пак, на овој чин гледааат како подготовка за во опозиција на Заевата Влада, која со овој чин можеби ја наградува професорката за министерувањето со образование и правда во овој мандат на Заев.

Јавноста во последно време во повеќе наврати сведочеше на случаи со „вдомување“ на советници и членови од кабинетот на Заев. Последен беше случајот со Забрчанец, а претходно дел од премиерскиот кабинет се пресели во кабинетот на Пендаровски, кој има уште повеќе од четири години мандат како шеф на државата.

Најнови вести